Директорка на едно основно училиште во Конектикат одлучила да ги забрани сите физички контакти меѓу децата.Оваа политика не дозволува никакво поздравување, а за прегрнување не станува ни збор. Секој кој ќе ги прекрши овие правила може да биде исклучен од училиштето.
Забраната стапила во сила откако се случил еден насилен инцидент по кој едно дете завршило во болница затоа што друго дете го удрило во препоните. По овој инцидент директорката ги известила сите родители за забраната за физички контакти. Како казни за прекршување на овие правила директорката ги навела училишниот притвор, состаноци со родителите, суспензија па дури и исклучување.
Родителите и учениците се запрепастени. Некои мислат дека забраната е смешна а други дека е претерана. Родителите коментираат што ќе се случува за време на одморите или на часовите по физичка култура. Велат дека физичката култура значи и физички контакт.