Маја Парнарџиева, директорка на Фондот за здравствено осигуривање на прес-конференција соопшти дека дава оставка на функцијата.

– Јас сум емотивна личност, а не ладен бирократ и од човечки причини се повлекувам од функцијата-директор на Фондот за здравство. Го разбирам гневот на јавноста, на граѓаните, но сметам дека оваа институција направи се за да се спаси животот на Тамара, истакна Парнарџиева на прес конференцијата.

Не полн час, по оставката на директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, оставка на функцијата директор, поднесе и Џемали Мехази, вториот директор на фондот.

Граѓаните и денеска го изразија револтот со протест пред Фондот, Собранието и пред Министерството за здравство, побараа одговорните за смртта на Тамара да ги напуштат функциите. Мото на протестот е Црвен картон за министерот Тодоров. Се бара и кривична одговорност  од членовите на Управниот одбор, како и одговорните лица и членови на првостепената и второстепената комисија на Фондот. 9-годишната Тамара која боледуваше од сколиоза почина пред здравствените власти да и одобрат лекување во странство.

OhridNews

извор Телма

Судска медицина: Малата Тамара не починала од сколиоза туку од бронхопневмонија