По завршувањето на Локалните избори и конституирањето на новата локална власт, промени ќе има и во Јавните претпријатија под капа на општина Охрид.
Како што дознаваме, дел од директорите на Јавните претпријатија, денес ги поднеле своите оставки. Неофицијално, во прво време ќе бидат назначени вршители на должност кои ќе раководат со Јавните претпријатија.
Дел од директорите на ЈП, пак, се избрани за советници и нивните функции се неспоиви со советничката.
По преземањето на градоначалничката функција, новиот градски татко, Кирил Пецаков, вчера го назначи Александар Китески за секретар на општина Охрид, а остварил и средби со вработените во локалната самоуправа, како и со директорите на Јавните претпријатија во Охрид.
Г.М.