СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(41) и А.Г.(43), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело „повреда на правото од работен однос“. Пријавените, во својство на директори во Јавната здравствена установа „Здравствено дом Охрид“ спротивно на одредбите од Законот за работни односи и Колективниот договор за здравствената дејност на Р Македонија во периодот од мај до јули оваа година при исплата на платите на 155 вработени им го ограничиле правото на надомест на плата со месечно ускратување на 25% од надоместокот за минат труд, со што ги оштетиле за вкупен износ од 307.210 денари.


OhridNews

извор: МВР