СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.А.(38) од Охрид, директор на ЈНУП „Галичица“-Охрид за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во март 2008 година, пријавениот потпишал налог за службено патување во Скопје на вработениот Н.Н., а откако Н.Н. предизвикал сообраќајна незгода, пријавениот без согласност на управниот одбор и без да покрене постапка за надомест на штета преку осигурителна компанија, одобрил наплата на фактура за поправка на возилото во износ од 39.341 денари на штета на ЈНУП „Галичица“. Исто така, во декември 2008 година, пријавениот не покренал постапка за материјална одговорност на вработен кој предизвикал сообраќајна незгода со службено возило и материјална штета од 50.000 денари. Со ваквото работење, пријавениот ја оштетил ЈНУП „Галичица“ за износ од 89.341 денари, соопшти МВР.

извор: МВР