Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето М.С. роден 1945 година од Охрид, поднесе кривична пријава, поради основано сомнение дека е сторител на седум казнени дела односно по три кривични дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“  и „Даночно затајување“ како и за едно кривично дело „Оштетување и повластување на доверители“.

Пријавениот, како одговорно лице- директор во АД „Бетон“ – Охрид, во периодот од месец јануари 2004 година до декември 2007 година, со намера целосно или делумно да ја избегне законската обврска за плаќање на персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок од добивка, придонеси за ПИОМ, давал лажни податоци за своите приходи и не пријавувал приход. Со затајувањето на данокот и придонесите, пријавениот го оштетил буџетот на РМ за вкупно 38.105.482 денари. Во истиот период, од страна на Министерството за финансии-Управа за јавни приходи -регионална дирекција Битола, извршени се повеке контроли врз финансиското работење на АД „Бетон“ при што, со записник  констатирани се низа недоследности за пријавување на приход, неприкажување излезен данок и неисплаќање на придонеси за ПИОМ по исплатени плати за вработените. Од увидот во пресметките, утврдено е дека АД „Бетон“, како даночен обврзник не искажал излезен данок, констатирана е уплата на парични средства за кој промет, фирмата нема изготвено излезна фактура. Регистрирани се неевидентирани набавки по фактури, неевидентирање на расходи, потпишување на договори за залог врз подвижни предмети со кој потоа АД ,,Бетон,, земал паричен заем од приватна фирма од Охрид а за возврат   отстапил подвижни предмети, кои вработените во „Бетон“ спогодбено ги добиле согласно судска пресуда.

извор:СВР Охрид

Ohridnews