ПС Струга поднесе кривична пријава В.Џ., поранешен директор на ЈП „Комунално“ – Струга за сторени три кривични дела “злоупотреба на службената положба и овластување“ и две дела „послужување во службата“.

Пријавениот во период од јуни 2006 до јуни 2009 година, спротивно на Законот за јавни набавки и без одлука на Управниот одбор набавувал мобилни апарати, вршел продажба на отпадно железо а парите ги задржувал за себе, по што ја прикривал продажбата, не повел тужбена постапка за бесправна сеча на шуми, вршел рекламирање на претпријатитето, ангажирал повеќе фирми за потребите на претпријатието, не поднел тужба за наплата на побарување на претпријатието и друго. Исто така,  бесправно одзел возило и два мобилни телефони сопственост на претпријатието и ги присвоил за себе. На овој начин пријавениот го оштетил Буџетот на Р Македонија за износ од 44.278.316 денари.

Ohridnews