Претседателот на охридскиот огранок, Науме Јованоски вчера во неколку наврати потенцираше дека е во дирекна комуникација со градоначалникот и дека тој се согласил да се врати назад во Македонија.
-Нашата партија сметаше дека поважно е градоначалникот да биде помеѓу своите граѓани отколку да ја реализира до крај официјалната и однапред утврдена посета на Австралија. Ваквиот партиски став и образложението за приоритетноста на нештата, во комуникацијата која што ја воспоставивме со него, беше целосно прифатен од страна на градоначалникот и затоа посетата ќе биде прекината и во најбрз можен рок градоначалниот ќе се врати во државава. –рече Јованоски, при што не сакаше да шпекулира за точниот датум, кога Петрески ќе пристигне во Охрид.
На новинарско прашање -Дали постојат проблем во партискиот однос помеѓу него и градоначалникот, Јованоски, поторно одговори дека нивната меѓусебна комуникација е постојана и тековна.
-Односите помеѓу мене како претседател и градоначалникот се коректни. Ние во последниве неколку месеци апелираме на ширење на партиско единството. Ние до сега во неколку наврати и во вторникот, пред да замине за Австралија се договоривме за сите активностои кои ќе следат во текот на неговиот престој во Австралија и по неговото враќање. Пред се, за одржување на седницата на Советот на Општина Охрид. Значи сме во дирекна комуникација и во овој момент.- нагласи Јованоски.
На прашењето, -Што ќе се случи доколку Петрески не го послуша партискиот став и не ја прекине посетата од Австралија и дали од него партијата ќе бара одговорност?- Јованоски со целосна верба, дека ставот на партијата е поддржан од Петрески изјави
-Ова е директна комуникација, не гледам зошто не би се вратил, сега разговаравме со градоначалникот. Градоначалникот присуствува на седниците на централниот одбор на партијата и за тоа треба да дискутира и да дава образложение центалното раководство на Партијата, рече Јованоски.