Дека никогаш не е доцна за диплома докажа една баба од Костарика која во 89-та година завршила правен факултет.

„Завршувањето на студиите беше долг спрема самата себе и сакав тоа да го направам. Никогаш не е доцна да се постигне некоја цел.“, им рекла на новинарите Елена Насименто после свеченото врачување на дипломите на Универзитетот во Сан Хозе.

„Не ми беше баш пријатно во друштво на сите тие млади луѓе кои се на возраст како мојата внука“, додала Елена.

Ј.М.