Жена стара 94 години дипломирала право на универзитетот во Урбин, Централна Италија и најавила дека има намера да ги продолжи студиите. Ректорот на универзитетот, Стефано Пивато, изјавил дека таа може да биде пример за останатите студенти. За нејзината дипломска работа на тема насилството врз жените добила највисока оценка, исто како и на испитите.


Адријана Јанили, која веќе дипломирала ориентални јазици и политички науки планира да запише специјализација од областа на правото. Ректорот уште додал дека таа одлично се вклопила меѓу останатите студенти кои во просек имаат 20 години.