Ѕвездата на филмовите за Хари Потер, Ема Вотсон ќе дипломира на Унимерзитетот Браун. Како што пренесуваат светските агенции, 24-годишната популарна британска актерка на 25 ќе добие диплома од англиска книжевност.

Актерката на Унивезритетот Браун се запишала во 2009 година. Една време студирала и на многу попознатиот Оксфорд, а паралелено ја одржувала и филмската кариера. Моментално игра во библискиот еп „Ное“ заедно со Расел Кроу и Џенифер Конели.