Лео Плас од Редмонд во Орегон дипломирал на универзитетот Ла Гранда на 99 години, 79 години откако го напуштил факултетот на последната година од студиите. Плас во 1932 година го запишал последниот семестар на факултетот кој во тоа време се нарекувал Орегонско нормално училште, и требал да посетува предавања уште три месеци како би се стекнал со диплома и како би добил можност да работи како учител.


Во тоа време САД биле под огромно влијание на големата економска криза, па на Плас не му се допаѓала идејата да работи како учител за месечна плата од 80 долари, па ја прифатил понудата од еден пријател да работи во неговата компанија за 150 долари месечно. Плас, откако му била доделена дипломата изјавил дека тоа сега е тешко да се разбере, но во тоа време едноставно не можела да се одбие 70 долари повисока плата.