Индиецот Раи К. Раи (65) е пензиониран професор кој дипломирал дури на 22 факултети. Најавил дека ќе продолжи со студирањето. Отсекогаш верувал дека учењето е процес кој трае цел живот и за себе вели дека не сторил ништо неверојатно, бидејќи, според него, тоа го можел секој човек кој има желба за истото.


Првата диплома ја стекнал 1967 година на факултетот во Алахабад, а дипломи има од сите сфери на науката. Завршил и три докторати на јазиците санскрта, хинду и пракрит. Моментално завршува смер астрологија на еден од најстарите универзитети во светот, Варанаси во Индија.