Во интервју за Радио Слободна Европа италјанскиот амбасадор Ернесто Масимо Белели вели дека тој и неговите колеги се загрижени околу информациите дека наводно меѓу прислушуваните има и странски дипломати.

– Ние разговаравме со колегите од ЕУ за таква можност, се разбира дека ние немаме никакви докази, бидејќи не сме добиле такво нешто, но кога се сретнавме неодамна со лидерот на главната опозициска партија и тој ми рече дека се прислушувани неколку амбасадори кои се акредитирани тука и неколкумина од тие коишто ја напуштија земјата. Така што, ова не загрижува, бидејќи Виенската конвенција вели дека дипломатите не смее да бидат прислушувани и тоа значи дека и по налог на судиите, дипломатите не може да се прислушуваат. Телефонските разговори се наш алат за работа и да испраќаме пораки во нашите земји, така што ни судиите не може да наложат такво нешто, вели Белели.

Тој зборувајќи за прислушувањето потенцира дека владеењето на правото е примарна работа.

– Неодамна имавме случаи на повисоко ниво, германската канцеларка беше прислушувана, бразилскиот претседател беше прислушуван, имаше откажани состаноци, имаше политички несогласувања. На политичко ниво беше покажано дека тоа не е вистинскиот пат на движење и тоа е недостиг на доверба меѓу партнерите. Се надевам дека тоа нема да биде случај со Македонија, затоа што за нас владеењето на правото е главна работа, истакнува Белели.

OhridNews

извор РСЕ