Познатиот креатор, Џон Галијано по вербалниот напад на една жена и снимката на која зборува дека го сака Хитлер, бил отпуштен од модната куќа Диор и сега ќе се соочува со судење во Франција. И покрај фактот што повеќе не работи за модната куќа, неговите креации сепак биле прикажани на модната седмица во Париз.
Ревијата била осигурана од голем број полицајци, поради страв од можни протести, а пред самиот почеток на публиката и се обратил директорот на модната куќа Диор, Сидни Толедано. Тој изјавил дека и покрај тоа што Џон бил извонреден во својата работа, неговите изјави не можат и не смеат да се толерираат.