Питон, дива свиња и риба-лав се на менито овој викенд во Мајами, каде локалните готвачи се натпреваруваат во готвење храна чии главни состојки се несекојдневни животински врсти. Целта на натпреварувањето е привлекување на вниманието на влијанието на животните на екологијата на Флорида, како и на инвазивните врсти како храна.

Готвачот Тод Ериксон, кој ќе спрема динстан питон, изјавил дека манифестацијата ќе покаже дека и интензивните животни можат да бидат одржлив извор за храна. Приходот од натпреварот ќе биде наменет за еколошката фондација „Плодна земја“.