Научниците во текстот објавен во списанието „Сциенце Јоурнал“, ги отфрлиле другите теории за настанот од пред 65 милиони години, како што се масовните вулкански ерупции.
Според истражувањата, пред 65 милиони години астероид со пречник од 10 до 15 километри удрил во Земјата во Мексико, на полуостровот Јукатан и ослободил енергија еквивалентна на 100 милијарди тони ТНТ или енергија милијарда пати поголема од онаа што ја произвеле атомската бомба фрлена врз Хирошима и Нагасаки.
По ударот на астероидот преживеаните суштества на Земјата се соочиле со тешка зима, а повеќе половина од сите видови умреле.
Ударот на астероидот оставил кратер со пречник од 180 километри и опкружен е со кружен расед од околу 240 километри во пречник. Научниците заклучиле дека ударот на астероидот е единствено убедливо објаснување за уништувањето видливо низ геолошките податоци.
„Можете да ги следите остатоците ширум светот до работ на кратерот. Можете да започнете во Европа, да го поминете Атланскиот океан и да забележите дека остатоците стануваат се побројни како се доближувате до кратерот“, изјави Дејвид Кринг, еден од авторите на истражувањето.
Првиот удар предизвикал големи пожари, страотни земјотреси, големи лизгања на земјиштето што предизвикало појава на цунами. Конечно, ударот предизвикал глобална зима која успеале да ја преживеат само ретки ладнокрвни организми.
Научниците со истражувањето потврдиле дека единствениот слој остатоци по состав е поврзан со карпите што можат да се најдат во подрачјето на ударот на астероидот. Исто потврдиле дека има големо количество на минерали кои настануваат кога во карпите ќе удри нешто со голема брзина.
Конкурентската теорија тврди дека изумирањето на диносаурусите е предизвикано од серија суперерупции на вулканите на подрачјето на Индија. Тие ерупции создале преку милион кубни километри лава, која предизвикала ладење на атмосферата и кисели дождови.
Научниците констатирале дека тие ерупции не биле многу важни за да предизвикаат масовно изумирање на диносаурусите.
Извор: „Макфакс“