Во Њу Јорк наскоро ќе биде одржана аукција на која ќе бидат понудени повеќе од 400 коски на диносауруси и артефакти од леденото доба. Таа продажба на заинтересираните ќе им понуди да станат сопственици на некои единствени предмети кои сведочат за историјата на природата.


Меѓу предметите кои ќе бидат понудени ќе има и заб на тираносаурусот рекс. Збирката пред се ќе го привлече вниманието на музеите. Овие остатоци од леденото доба нема да бидат за сечиј џеб, бидејќи просечната цена на секој од предметите ќе изнесува околу 200 илјади евра.