Кинеските научници новооткриениот диносаурус го именувале по Кинескиот ѕид. Научниците ги ископале фосилите 2005 година заедно со целиот череп. После четири години заедничко проучување на научниците од Кина и САД откриле дека овој вид ја пополнува огромната празнина во периодот на развојот на тираносаурусите.
Разликата била 40 до 50 милиони години. Овој диносаурус живеел во раниот период, односно пред 113 до 117 милиони години. Бил висок 1,5 метри и проценето е дека тежел околу 270 килограми, многу помалку од најголемиот познат тираносаурус рекс, кој бил висок 4,2 метра и тежок од 6 до 7 тона.