– Ова е прв собир откако ја презедов селекторската функција во женската сениорска репрезентација – рече Добре Димовски, кој е “старо нов“ селектор на репрезентацијата и додаде – Со девојките многу добро се познавам. Долго време работам во фудбалот, а од тука почнуваме нова страница во женскиот репрезентативен фудбал, која се надевам дека ќе ја испишеме со успеси.

Дуелот со Албанија за македонската женска репрезентација е контролна средба пред квалификациите за Европското првенство кои започнуваат во септември.

– Со мечот против Албанија ја почнуваме мисијата за Европското првенство. Во септември не очекуваат првите квалификациски натпревари, затоа ова ќе преставува една генералка. Од дуелот со нив ќе треба да извлечеме позитивни поуки. Иако е пријателски натпревар ние ќе одиме на победа бидејќи само така можеме да ја вратиме самодовербата во женската репрезентација. Од моите сознанија албанските фудбалерки се квалитетни, а поголем дел од нив играат во странсто и тоа во Германија. Сите тие ќе допатуваат во својата земја за натпреварот со нас и очекувам добра фудбалска престава. Но, и ние како селекција имаме свои адути тука е Наташа Андонова, која игра во Бундес лигата, Гејтана Рочи исто така се натпреварува во Германија и уште многу квалитетни фудбалерки кои настапуваат во домашното првенство – истакна селекторот.

“Црвено жолтите“ во групата за ЕП се сместени со селекциите на Италија, Шпанија, Чешка, Естонија и Романија.

– Групата е исклучително тешка, сите репрезентации добро ги познавам и немаме сила да се носиме со светските веле сили како што се Шпанија и Италија. Останатите противници не се наивни, но ние нема да се предадаме бидејќи мора работите да ги носочиме кон подобро, за да понатаму не не сметаат за тотални аутсајдери како што беше до сега. Ако немаме сили да се спротиставиме на Шпанија и Италија сигурно имаме квалитет да се бидеме рамо до рамо со Романија, Естонија и Чешка – заврши Димовски.

Мх.П.