Во Македонија имаме повеќе кризи, не само економска, енергетска и политичка, која е многу длабока. Граѓаните се незадоволни и уморни од чекање актуелната влада да направи нешто или да реализира проекти кои ќе го подобрат живеењето. Од тоа нема ништо. Трпат и општините. Охрид е пример за лош однос на централната власт кон општините, вели во Интерву за OhridNews, Љупчо Димовски, претседател на Социјалистичката партија.
Градоначалниците се „казнуваат“ само затоа што припаѓаат на друга политичка партија, така што не се трансферираат потребните средства кон локалните самоуправи. Но, на тој начин не се казнуваат политичките противниви, туку граѓаните. Затоа единствен излез од состојбата во која се наоѓа земјата се предвремени парламентарни избори, додава Димовски.
Во разговорот со Димовски се осврнуваме на актуелни теми и ги коментираме најновите политички состојби и случувања во земјата пред најавениот голем протест на опозицијата на 18 јуни.
OhridNews