Втора победа во исто толку натпревари за Охрид Лоте, кој годинава дебитираше во второлигашката конкуренција. “Градежниците“ до втората победа стигнаа со неверојатен пресврт кој сам по себе говори за силниот ментален склоп на екипата.
– Тоа не се опшува со зборови, тоа треба да се доживее. Деконцентрирано започнавме и домашните ги искористија сите наши грешки и по 15 минути игра се најдовме во три гола негатива. Добро за нас беше тоа што набрзина се вративме со два погодоци. Нивниот четврти погодок не `пресече, но по паузата ги потиснавме на нивна половина, до израз дојде нашата подобра физичка подготвеност и со право ние бевме тимот кој на крајот се радуваше на победата – вели офанзивниот играч за врска Христијан Димоски, кој втор натпревар во низа ја погодува противничката мрежа.
Покрај Димоски, со два гола на своето конто е Митко Стојаноски , кој погоди во 82 – та минута од мечот за обезбедување на целиот плен од Кичево. Охрид Лоте во среда ќе му гостува на Брегалница од Штип во натпреварот од првата рунда од националниот куп.
ГРК Охрид го поздравува начинот кој го определи Ракометната Федерација на Македонија, а кој се однесува на делегирањето на судиските парови кои ја добиваат одговорноста да ја делат правдата на натп...
Во Скопје не очекува тежок натпревар против екипата на Вардар Со нив имаме одиграно неколку натпревари оваа сезона кои ги анализираме И покрај тоа што имаме неколку повредени играчи, мислам дека ќе...
Во рамки на третото коло од плеј-офот во Супер лигата ракометарите на Охрид гостуваат во Скопје кај екипата на Вардар Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но ние сме подготвени Имаме неколку повред...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.