Ангажирани се доволен број на полициски службеници кои се грижат за безбедноста во Охрид за време на новогодишните празници. Истите се распоредени низ целото подрачје на Охрид, плоштадот, кејот, чаршијата.

Тука се и најголем број кафичи и угостителски објекти каде ќе има прослава, а дел од полициските службеници ќе бидат лоцирани на другите места и објекти хотели надвор од Охрид каде имаме најава за организирана прослава и присуство на голем број гости. Целта на ангажирањето на полициските службеници ќе биде задржување на стабилната и поволна безбедносна состојба во Охрид и отстранување на сите можности за нарушување на јавниот ред и мир. Стабилна и поволна безбедносна состојба и стабилен идеален ред и мир ќе обезбедиме во текот на новогодишната ноќ, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Вториот сегмент, посочува, е ангажманот на полициските службеници од сообраќајната полиција кои ќе бидат концентрирани во централното градско подрачје и во приградските населби.

Нивната цел ќе биде да обезбедат стабилна и поволна сообраќајна безбедност. Ќе се вршат интензивни контроли на возилата, ќе се предупредуваат каде што тоа е можно, а доколку имаме случаи на управување возило под дејство на алкохол репресивните мерки ќе бидат применети и ќе се казнуваат тие кои возат под дејство на алкохол и наркотици. Апелот е да се почитуваат сообраќајните правила и прописи во делот на сообраќајот со цел да обезбедиме стабилен сообраќај на подрачјето на Охрид и да ги елиминираме сите можности за сообраќајни незгоди. Да не дозволиме управување возило под дејство на алкохол со што диркено се загрозува сопствената безбедност и безбедноста на другите ученици во сообраќајот, потенцира Димоски.

Воедно посочува и дека деновиве оставриле средби и со угостителите со цел безбедност и во угосттителските објекти.

Имавме интензивни контакти со угостителоите со цел потсетување да бидат партнери со полицијата во делот на безбедни новогодишни празници, апелиравме и до нив да контактираат полициски службеници при првата прилика ако почувствуваат дека е можно ескалирање или појава на безбедносен проблем со цел да се реши истиот во моментот и да нема поголеми импикации во текот на новогодишната ноќ, додава Димоски.

Н.С.Ј.