Веста за противникот во Лигата на Шампиони во таборот на Металург беше прифатена со задоволоство. Капитенот на екипата Ванчо Димовски истакна дека иако Динамо Минск беше посакуван противник во осминафиналето, не треба да се залетуваат и да се сметаат како фаворити.


– Мораме да бидиме задоволни од ждрепката. Најпосакуван противник беше секако Динамо Минск бидејќи немаат преголемо искуство во Лигата на Шампиони. Но, сепак тие се цврста екипа и тим што играат одлично на гостински терен. Нивните резултати надвор од својот стадион, не ни даваат право да се опуштиме и да се сметаме како фаворити пред дуелот – рече пикерот Димоски.

Домашниот терен е најсилното оружје на Металург сезонава. Во “Борис Трајковски“ кога игра Металург салата е преполна и секогаш се бара карта повеќе.