Во отсуство на првиот капитен во Металург, Наумче Мојсоски титулата од националниот шампион ја крена заменикот Ванчо Димоски и по пауза од една сезона се врати во Автокоманда.
– Мината година се „изгоревме“ и сезонава поучени од грешките на доминантен начин стигнавме до титулата во националниот шампионат. Пред почетокот на разигрувањето во Супер лигата ни беше јасно дека мора да го поправиме пристапот во играта. Тоа и го направивме, во секој натпревар влегувавме мотивирано без разлика кој противник стоеше пред нас – потенцираше пивотменот Димоски.
Битката за титулата пулените на Лино Червар ја решија во меѓусебниот дуел со Вардар, кој им припадна поради убедливата победа пред своите гледачи.
Мх.П.