Во моментов вима околу 2300 македонски граѓани се затечени на границите и аеродромите во целиот свет, најмногу во европските држави, истакнана предс конференција министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Тој истакна дека Владата го задолжило МНР да организира хуманитарни летови за да ги донесе нашите граѓани дома и да се формира тело за спроведување на задолжителен државен карантин. Заради јавното здравје сите поголеми групи кои ќе дојдат да бидат во задолжителен државен карантин во траење од најмалку 15 дена за да се заштити нивното здравје, како и здравјето на луѓето коишто се тука.
Граѓаните кои се немаат пријавено, треба наитно да го сторат тоа преку телефоните и контактите на нашите дипломатски претставништва или МНР најдоцна до утре до 18 часот. Ние мора да имаме прецизна евиденција и податоци за да можеме веднаш да ги организираме хуманитарните летови, а фокусот ќе биде на земјите каде нивната концентрација е најголема. – рече Димитров.
Министерот Димитров информираше дека во текот на вчерашниот ден во договор со властите на Црна Гора имало обид да се донесе група граѓани од Истанбул, со специјалниот лет кој го организирала оваа земја од главниот град на Турција, но тој завршил неуспешно поради однесувањето на нашите државјани.
Штом ги информиравме граѓаните дека ќе бидат во задолжителен карантин, ниту еден не сакаше да ја искористи оваа можност. – изјави Димитров.
Тој посочи дека во следните денови ќе биде организиран хуманитарн конвој од Црна Гора каде има седумдесеттина македонски граѓани, кои потоа ќе бидат во задолжителен карантин. Трошоците за нивниот престој ќе бидат на товар на државата, додаде Димитров.
Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Димитров истакна дека државата нема податоци каква е здравствената состојба на нашите граѓани кои се затешени во странство со екот на пандемијата од коронавирус.
Што се однесува до помошта која и е потребна на земјата, пред се во медицинска опрема, Димитров рече дека во моментов фокусот е кон фондовите на ИПА за пренамена на одобрените 50 милиони евра за добро спроведените реформи за борба против коронавирусот, како и дека се праќаат спецификации за потребната опрема до земјите членки на ЕУ и НАТО сојузници.
Г.М.