Во добра атмосфера македонската репрезентација се подготвува за утрешниот настап на купот на Европа.

Вчера беше одржан првиот тренинг овде во Зволен, додека денес во време на одржување на првиот натпреварувачки ден ќе биде одржан тренинг на стадионот во Банска Бистрица на кој ќе се одвива натпреварувањето.


Според селекторот на Македонската репрезентација Влатко Димитров, репрезентативците се добро подготвени за предизвиците кои следат.


Добро сме подготвени и очекуваме солидни резултати. Најголем акцент е ставен на Олимписките кандидати  (Далибор Спасески 400 м, Селман Реџеп три скок, во машка конкуренција како и Ивана Рожман и Александра Спасеска 100 м, во женска конкуренција. Од остантите репрзентативци очекуваме повторување на нивните најдобри времиња, како и нивно подобрување.


Настапот на овај Куп ќе биде последниот филтер по кој ќе се знае кој од  четворицата кандидати еден во машка и една во женска конкуренција ќе добијат вајлд карти и ќе не преставуваат на  ЛОИ во Пекинг.

Од Зволен, Словачка
Мирко Постоловски.