Ракометарите на Охрид во третата рунда од плејофот пред своите гледачи во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречекаат тимот на Пролет. Пролет во втората рунда го совлада Пелистер, додека Охрид изгуби од Металург.
– Сите заедно како екипа го надминавме турбелетниот период во клубот и на мечот со Металург покажавме дека можиме да играме со нашите ривали во плејофот. Секој наш следен меч во плејофот е нов предизвик и така треба да ги прифатиме натпреварите. Пролет има квалитет во својот состав, екипата е во воиграна, но ние го имаме домашниот терен и треба да го капитализираме во победа. – рече Славиша Димитријески.
Натпреварот во Охрид се игра в недела со почеток во 18 часот, а билетот чини симболични 30 денари.
Мх.П.