Еден од јунаците на македонската фудбалска репрезентација во минималниот триумф над Косово (2-1) беше голманот Столе Димитриевски. Чуварот на мрежата во судиското продолжение со двојна интервенција ги запре косоварите да постигнат втор погодок и да го изедначат резултатот. Димитриевски со фантастичните одбрани се изваде за киксот кој го направи при првиот погодок на Косово. Погледнете!
Интервенциите на Димитриевски во финишот од натпреварот.
OhridNews