Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски не успеа со мадридски Рајо Ваљекано по прв пат во клупската историја да избори пласман во шпанскиот Кралски куп, откако со вкупен резултат 3-2 беше елиминиран од Бетис, по синоќешното реми 1-1 на гостински терен.
Димитриевски остана на клупа за резерви во дуелот во кој Рајо Ваљекано поведе во 80-та минута со голот на Бебе, а Бетис обезбеди финале преку Борха Иглесиас во судиското продолжение.
Бетис во финалето на 23 април во Севиља ќе игра против Валенсија.
За Бетис ова е прво финале во Кралскиот куп по пауза од 17 години, додека Валенсија по 17-ти пат ќе игра за трофејот, кој последен пат го освои пред три години.
OhridNews