Ракометниот клуб Охрид побогат е со сребрен медал од Младинска конкуренција, откако „гладијаторите“ во драматично финале изгубија со тесни 31-30 од Металург. „Гладијаторите“ силно и без респект му се спротистави на Металург кој со победата ја одбрани титулата.

  • Сакам од срце да им се заблагодарам на „Рибарите“ и публиката во СРЦ „Билјанини Извори“ кои не бодреа од почеток до крајот. Тие ни беа ветар во грб за оној кам бек кој го имавме во финишот од мечот. Среќата ни го сврте грбот на крајот. Топката која ја одбрани Брауновиќ отиде во нивни раце и погодија, а ние на спротивната страна не реализиравме и загубивме. Иако е тешко мораме да ги исправиме главите и да продолжиме понатаму, бидејќи немаме време за тагување. – изјави пивотот на Охрид, Кристијан Димитриески.

Добрите игри на Димитриески во двата мечеви од завршниот турнир ги забележаа тренерите и го вклучија во идеалниот тим за сезоната која заврши.

OhridNews