Одговор на реакција од Координативното тело за организација на Богојавление – Водици, под наслов „Не се прави чорба од пастрмка оти е забрана“

Почитувани во мојата реакција под наслов „Ден на рибари во Охрид без рибари и охридска риба!? “ јасно се гледа дека не барам да се прави рибна чорба од охридска пастрмка или белвица кои сега се забранети за лов поради мрест. И во текстот тоа го потенцирам но има во Охридско Езеро и други видови риби. Незнам кои се во координативното тело за организација на Богојавление – Водици и каде ги е седиштето за да ги испратам една брошура за рибите во Охридско Езеро кои ги делиме во основните училишта за да научат бар 5 видови на риби кои ги има во Охридско Езеро.

Сакам да напоменам дека во Охридско Езеро има 23 видови на риба и од нив 21 не се забранети за лов во овој период. Можевте да изберете било кој вид на риба а особено охридската гомнушка која не е забранета за риболов а за брзо време ќе биде заштитен знак на Охридско Езеро, затоа што охридската пастрмка и белвица полека но сигурно исчезнуваат. Не можам да разберам на охриѓани а и на сите присатни на Денот на рибарите на самиот брег на Охридско Езеро да ги направите рибна чорба од замрзнат лосос и ослич, кога има концесионер за стопански риболов. Ова е апсурд и ќе остане запишано во историјата на рибарство, од толкаво езеро „заштитено“ од УНЕСКО Вие се одлучивте да правите рибна чорба од морска риба, неможам на друг начин тоа да го протолкувам освен навреда на охриѓани и на све што е македонско (традиција, историја и тн).!?

Да побаравте, ние рекреативни риболовци ќе ви уловевме со јадица доволно риба за да направите охридска чорба и да не се брукате. Ова што го направивте е голема навреда и за научниците и за сите рибари кои го заштитуваа рибниот фонд со векови, сега тие се превртуваат во своите гробови, шчо направивме???!!.

Неможам на друг начин да ја сватам вашата реакција на мојот текст освен како промоција на нова туристичка понуда на Охрид ДОЈДЕТЕ ВО ОХРИД ДА ПРОБАТЕ ТРАДИЦИОНАЛНА ОХРИДСКА РИБНА ЧОРБА ОД МОРСКА РИБА, КОЈА СО МИЛИОНИ ГОДИНИ…….!!!???

Господе чувајне и бранине од овие туристички работници, кои знаат како да ја негуваат традицијата.

Бистро,
Радован Димитриевски

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

Реакција: Не се прави чорба од пастрмка оти е забрана

ЗРРСК „Св. Апостол Петар“: Ден на рибари во Охрид без рибари и охридска риба!?