-За луѓето во Грција нема милост доколку дојдениците не се декларираат како Грци по народност и православни по вера. Така ги научиле професорите, политичарите и свештениците – рече проф. Димитрас во своето излагање. А на прашањето: дали наскоро се гледа некаква разврска во однос на почитувањето на човечките права на Македонците во Грција? -тој посочи дека не гледа таква можност, барем не уште една декада.
Предавањето на експертот по човекови права го проследи и група грчки студенти кои искажаа забелешки на изнесеното, коментирајќи ги тезите на професорот Димитрас со многу сарказам.
По завршување на предавањето Професорот Димитрас на подарок ја доби книгата „Македонските демонстрации во Австралија“, во која се поместени информации за 50 демонстрации на македонската заедница на австралискиот континент од 1986 до2001 година.
Иван Трпоски