– На гостувањето во Охрид, ја исполнавме нашата цел да останаме непоразени. На крајот од мечот имавме неколку добри прилики за погодок, но не успеавме да ги претвориме во гол. До крајот на првенството ни престои грчевите борба, која се надевам ќе заврши со среќен крај за нас – истакна тренерот на Хоризонт Турново, Љупчо Димитковски.
“Турновци“ во 30-то коло од првата лига на домашен терен го пречекуваат Тетекс. Со победа над “штофарите“, “црвените“ со сигурност ќе обезбедат бараж средба за опстанок во елитата.