Дербито на 9 рунда во второлигашкото друштво му припадна на Тиквеш кој како брз воз мина низ Охрид, совладувајќи го Охрид Лоте со високи 4-1. “Лозарите“ во целост ја исполна задачата, и кореткно и дисциолиниарно ги извршуваа стрикните задачи поставени од тренерот Димитковски, за кои во голема мера им помогна и слабата игра на домачќините. Стојанов, Костадиновски, Јаков и Трипунов ја наполнија охридската мрежа, додека почесниот гол за “градежниците“ беше дело на Арсовски.
–
Ние го искористивме своите шанси и преку контри и полуконтри го добвме овај натпревар. Нема лесни гостувања, сите екипи се борат за бодови и тешко е да се освојат бодови посебно на гостински терен, затоа оваа победа добива на тежина. Следуваат релативно лесни противници, за да на крајот го играме дербито на југот во Миравци против моменталниот лидер на табелата. Ние остануваме на за нас зацртаниот план а тое е влез во Првата Лига – рече Димитковски Љупчо , стратегот на Тиквеш.
Кавадаречкиот тим , кој е годинава се приклучи во вторлигашкото друштво, во пресрет на последните четири кола се наоѓа на второто место на табелата со бод заостанување зад Миравци. Во наредното коло ја пречекуваат гостиварската Ринија.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com