Советникот Димитар Велјаноски поднесе оставка од Советот на Општина Охрид. Оставката беше констатирана на денешната седма седница на Советот.

Оставката ја поднесов од лични причини. Се е во согласност со „Охрид пред се“, останувам дел од групацијата и  продолжуваме со истите ставови и програмски определби, изјави кратко за OhridNews Велјаноски. 

Советничкото место ќе го наследи Леона Кичеец која ќе продолжи да ги спроведува целите на „Охрид пред се“ кои беа зацртани во изборната кампања, додава Велјаноски.

Инаку, „Охрид пред се“ освоија едно советничко место на Локалните избори минатата година, а се дел од владејачкото мнозинство во Советот.

К.А.