Новиот гостин на поткастот „Имам нешто да ти кажам“ вокалот на охридскиот бенд HARDFACED – Димитар Савески, кој со бендот се активни веќе 17 години, кажува дека тие никогаш не бркале одреден стил, туку само по себе си дошло тоа да луѓето да ги сместуваат во underground сцената на која се на самиот врв во Македонија и во регионот.
HARDFACED е цела приказна и сите албуми се поврзани како една приказна, за целосно да ги почувствувате песните, мора да ги гледате видео записите, да ги читате текстовите и да слушате, а енергијата најдобро се чувствува на настапите во живо кои за жал веќе 1 година ги нема.
Диме исто кажува за проблемот кој е загрижувачки дека нема млади бендови кои ќе избијат на сцената, нема свежа крв, нема деца кои ќе го веат знамето, и то е така ради шо немат поддршка, морат децата некако да се мотивирет, не само во музика во која било сфера.“
Во емисијата се упати и заеднички апел до Центарот за култура, да се среди летната кино бавча, за да може ова лето да заживее и таа замрена сцена, со свирки, бендови, перформанси, проекции итн.