Во организација на Едриличарскиот клуб СТРМЕЦ – Охрид и Едриличарската федерација на Македонија, викендов во Охрид се одржа Државното првенство ва едрење за Класата ОПТИМИСТ.
Временските услови беа наклонети за едриличарите кои одржаа седум трки.
Победник во генералниот пласман беше Димитар Поп-Стефанија од АМАК СП БОФОР, кој триумфираше во шест од седумте трки и сосема заслужено ја освои титулата државен првак за Класата Оптимист во 2008 година.
Второто место и припаднана на Елена Ставреска од СТРМЕЦ додека трето пласиран беше Ердал Лушо од СНЕГАР.
Во женска конкуренција прва беше Елена Ставреска, втора Мартина Каневче и трета Бојана Радеска.
Македонските едриличари имаат пред себе “бурен“ период на настапи и тоа на регати во Бугарија,Србија и Турција.