Општинскиот фудбалски сојуз и судиската организација од Охрид во името на Димитар Левески добија нов член во македонската судиска елита.
Имено, Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид, официјално предложи Димитар Левески да биде ставен на перспективната листа на судии.
Поради тоа што фудбалскиот судија Димитар Левески од Охрид подолго време е носител на квалитетно судење во ОФЛ Охрид и Третата МФЛ Југозапад, предлагаме да биде ставен на Главна перспективна листа имајќи предвид дека се работи за млад перспективен судијакој одлично напредува и ги суди натпреварите на коишто е делегиран. – стои во предлогот на ОФС Охрид потпишан од претседателот Цане Милошоски.
Димитар Левески со 19 години моментално е најмлад судија во елитата.
OhridNews