Димитар Ковачевски, актуелен заменик министер за финансии е избран за претседател на владејачката СДСМ.

На внатрепартиските избори што се одржаа денеска, Ковачески освои 37649 гласа, соопшти вечерва партиската изборна комисија.

Во трка за лидер на СДСМ уште беа и Јован Деспотоси (3319 гласа) и Фросина Ременски (2836 гласа). Неважечки биле 602 гласаќки ливчиња. На изборите излегле нешто над 80% од членовите со право на глас.

Ковачески на лидерската позиција ќе го замени Зоран Заев, кој поднесе оставка по поразот на партијата на локалните избори. Тогаш тој рече дека новиот лидер на СДСМ треба да биде и нов мандатар за состав на Влада.

Г.М.