Димитар Ковачевски ја доби довербата од Централниот одбор на СДСМ за мандатар на новата Влада. Според претседателот на СДСМ, новата Влада ќе биде изгласана најдоцна до 18 јануари 2022 година, а парламентарното мнозинство е стабилно и во идниот период може само да расте.
Првата задача која ја има новото раководство е да состави нова влада и силно да се посветиме на спроведување на владините програми и политики. Јас сум оптимист дека новата влада предводена од СДСМ ќе ја избереме во средината на наредниот месец, до 18 јануари. Пред новата влада ги имаме менаџирањето на енергетската криза, економската криза предизвикана од пандемијата, како и продолжување на евроинтеграцискиот процес и преговорите со соседна Бугарија. Во Собранието имаме стабилно мнозинство што се виде и преку гласањето на Буџетот. Имаме завршено разговори со сите коалициски партнери. Во фаза на подготовка е владината програма и во законскиот рок откако ќе го земеме мандатот ќе предложиме влада, рече лидерот на СДСМ, рече Ковачевски.
На вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ беше избрано новото раководство на партијата.
Стефан Богоев, Фатмир Битиќи, Бисера Костадиновска Стојчевска и Перо Костадинов се новите потпретседатели на СДСМ. За генерален секретар на партијата е именуван Миле Зечевиќ.
При изборот на нови потпретседатели се раководев од тоа во тимот да има искусни луѓе препознатливи во својот ангажман во СДСМ, но и млади кои во овој период се стекнаа со углед и искуство за обавување на такви должности, изјави Ковачевски.
За организациски секретар е избран Вангел Андрески, а за секретар за меѓународна политика Бојан Маричиќ. Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска ќе го продолжи мандатот добиен на Конгрес.
Во Извршниот одбор на СДСМ се: Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски, и Никола Рилак. Ковачевски најави и формирање советодавно тело, Совет за креирање и имплементирање политики, за да ги надгледува проектите на партијата, чиј претседател треба да биде Игор Ивановски.
Најавено е активирање на централниот систем на комисии на СДСМ, кои според него, се сериозен механизам за отворање на партијата кон професионалци од различни области и сегменти од општеството и за нивното стручно ангажирање.
OhridNews