Охридскиот Сојуз на спортови за повеќе годишната презентација на Охрид и Македонија во Холандија го награди пливачот Димитар Камнаровски со признанието Репрезент на охридскиот спорт во 2015 година.
Наградата за 15-годишниот Камнаровски е мотив повеќе за големите предизвици кои го очекуваат годинава во холандскиот шампионат и митинзите кои наликуваат на Европско првенство.
– Со задоволство ги преставувам Охрид и Македонија во Холандија, а ќе биде така и во иднина. Со гордост кажувам дека потекнувам од Охрид, а луѓето се интерсираат многу за градот и нашата држава. – рече за Ohrid News, Димитар Камнаровски.
Неговиот татко Томе воедно и тренер вели дека годинава Димитар ќе работи под специјален режим поради неговото нагло растење. – Моментално, Димитар расте многу брзо затоа ќе биде под посебен режим. На тренинзите работи со половина сили бидејќи телото многу брзо му се развива. Негов бум на пливачките базени очекувам за година или две кога и ќе почне да се натпреварува со сениорите.
Димитар во летниот период го посетува Охрид и секогаш е дел од малиот пливачкио маратон кој се одржува на 2 август.
Михаил Постоловски