Охридската пливачка гордост Димитар Камнаровски на градскиот базен „Атина Бојаџи“ под окото на својот татко и тренер Томе Камнаровски ги започна подготовките за новата сезона.


14-годишниот пливач од самиот старт на подготовките работи под полна пареа одржувајќи два тренинзи дневно.


– Претпладне тренинзите ни се многу поагресивни и потешки додека попладне работиме повеќе на техника. Повредите и паузата од минатата сезона имаат оставено доста белег на неговата физичка подготвеност затоа работиме полека и стрпливо. – рече Томе Камнаровски.



Димитар кој е член на холандскиот клуб од Роермонд се натпреварува во категорија со пливачи повозрасни од него што е дополнителен мотив за подобри резултати.

Мх.П.