На гала церомонија во Холандија беа прогласени државните прваци за минатата 2014 година во категорија 13 и 14 години, а меѓу нив беше и охриѓанецот Димитар Камнаровски.


Камнаровски место меѓу шампионите обезбеди со победите на 100 и 200 метри грбно на летниот односно зимскиот турнир во Роермонд.


Наградата треба и мора да биде мотив повеќе за Камнаровски, кој сега е во најдинамичните години за еден пливач.

Мх.П.