Димитар Камнаровски за момент прекина да се занимава со пливање и целиот фокус ќе го насочи кон школото, односно последната година од неговото средно образование.
Одлуката на Димитар ја поддржа и потврди неговиот тренер и татко Томе Камнаровски. – Одлуката е само негова и јас како родител и тренер ја почитувам и поддржувам. Тренинзите за него станаа многу напорни, бидејќи секој ден патуваше по 100км во еден правец да одржи еден нормален тренинг.
Камнаровски низ младинската кариера освои 270 одличја и 24 медали за апсолутен победник на турнирите на кои учествуваше.
OhridNews