По Сашо Лескароски и Бојан Ристески охридскиот бокс има нов државен шампион во името на Димитар Јованоски.


Членот на боксерскиот клуб Охрид, Јованоски со титулата првак на Македонија се закити во категоријата до 75 килограми.

Тој во финалната борба со одлука на судиите го победи Димитар Апостолоски и стана нова гордост на охридската боксерска школа.

Покрај успешните резултати и учества на меѓународни турнир боксот во Охрид останува на работ на маргините и е се соочува со тешка финансиска состојба.

Мх.П.