Димитар Филевски , татко на капетанот Сотир и сопственик на бродот “Илинден“ , за бугарскиот весник “Стандард“ скршен, кратко одговорил на неколку прашање на новинарската екипа која е во Охрид.
– Скршен сум. Како да не сум, Сотир не дека е мое дете, но е многу совесен. Сето ова е божја работа. Сотир 10 години се занимава со бродови, а од мали нозе е во езерото. Тој не е крив што се скинала сајлата. Не можам да говорам , нема што да ви кажам, трагедијата е огромна.
– Според едни, вашиот син нема никаква вина, додека другите го тврдат обратното, бидејки бродот бил преполн?
– Божја работа е. Можеше на било кој брод во езерото да му се случу ваков страшен инцидент.
– Дали сте го виделе синот после трегадијата?
– Каде да одам, нема каде да одам. Тој е во шок, во притвор е. За време на несреќата вадел луѓе од водата. Полицијата го прибрала од болницата, било многу страшно. Се што дознавам е од медиумите. Не сме го виделе детето. Скршен сум. Никој не ја сака смртта на другите. Господ да ни е на помош – вели Филевски за “Стандард“
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com