„Тренерската клиника“ во Охрид заврши, а в печатоците од неа кај преседателот на кошкарската федерација Дание Димевски беа само позитивни.


–  Презентерите на „Тренерската клиника“ го исполнаа она што го ветија, а ги надминаа нашите очекувања. Воопшто не се сомневавме дека нашите гости на „клиниката“ ќе потфрлат бидејќи се тренерски профили од европски калибар. „Тренерската клиника“ во Охрид е повеќекратна инвестиција во нашите тренери која во наредните години ќе се исплати и се надевам дека ќе прерасне во традиција –  рече Димевски.

Димевски најави дека „клиниката“ во Охрид ќе прерасне во традиција и дека големата заинтересираност е мотив повеќе за следната година.

– Предавањето беше „лесно“, имаше базични подготовки кои ги презентираше помошникот на Обрадовиќ, Итудис а европската тренерска легенда го обратовуваше нападот „пик енд рол“ и зонската одбрана. Словенецот Крумп ни презентираше како еден тренер мора да помине голем циклус на предавања за да стигне до селектороската фотелја или водење на пионерска селекција. Задоволен сум од одзивот на македонските тренери. Ова ќе биде мотив повеќе за следната година во Охрид да донесеме некоја голема величина во европската, а можеби и Светска кошарка –
смета Димевски.

Тодор Гечевски најави дефинитивно повлекување од селекцијата,  Владо Илиевски и Перо Антиќ ја променија одлуката, а Димевски работи на тоа останатите кошаркари да се најдат во ростерот на Алеш Пипан за Европското првенство во Словенија.

– Работам на тоа сите репрезентативци да отпатуваат во Словенија на континенталниот собир. Ни треба голема поддршка од медиумите за да ги мотивираме кошаркарки да дојдат да настапат за Македонија на ЕП во Словенија и сите заедно да се радуваме на нов успех –
заврши Димевски.

Мх.П.