Прилепскиот судија Жарко Димески кој пред две години едвај извлече жива глава на стадионот “Билјанини Извори“ ќе ја дели судиската правда на куп мечот од 16 финалето помеѓу Охрид и Хоризонт Турново во Охрид. Охриѓани пред две сезони незадоволни од слабата арбитража на мечот Охрид – Неготино кој заврши без голови 0-0, физички го нападнаа Димески по завршувањето на мечот.
Димески тогаш доби слаба оцена за судењето и паузираше месец дена, додека пак кај Охрид со едногодишна забрана за извршување на било каква спортска активност беа казнети комесарот за безбедност Димче Буџакоски и тренерот на голманите Благоја Буџакоски. Покрај тоа Охрид два натпревари на “Билјанини“ играше без публика.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com