Главниот судија на натпрeварот Охрид – Вардар Декамел ,прилепчанечот Жарко Димески ќе биде на принуден одмор во наредните 30 дена . За него ова е втор пат сезонава како се соочува со ваква казна.
Во првиот случај не се прослави на мечот Ренова – Цементарница (2-0), а во вториот на второлигашката средба Охрид – Вардар Декамел (0-0), Димески покажа уште послаба арбитража и епилогот беше тежок инцидент кога физички беше нападнат.
На овој натпревар контролорот Трајче Кипријановски му даде слаба оценка и според тоа ќе треба добро да се одмори бидејќи стручниот судиски совет во целост го прифати извештајот на скопскиот контролор.